In Medias Res

In Medias Res

In medias res е месечен поткаст кој го објаснува апсурдното политичко и општествено секојдневие во Република Македонија. Преку анализа на настаните и одлуките кои нѐ довеле до тука, но и преку обид да се антиципираат идните настани – ин медиас рес го прави секојдневието полесно за разбирање. Ненад Марковиќ месечно води разговор со политиколози, историчари и општествени аналитирачи на теми кои сите нѐ засегаат.

Episodes

April 29, 2024 25 mins

Почнаа кампањите. И претседателската и онаа за парламентарните избори. На почетокот претседателските кандидати некако срамежливо ги пласираа своите програми, а по втората недела работите почнаа да го добиваат својот вообичаен и очекуван тек – дисквалификации, навреди на идеолошка, но и лична основа, токсичност, партиски ботови и негативна кампања. Докажано е дека токму негативната кампања ги одвраќа неопределените гласачи да излеза...

Mark as Played

Истражувањето за состојбата на демократијата ширум светот спроведено од ценети универзитети, истражувачки центри и меѓународни организации, открива голем број загрижувачки податоци во врска со ангажирањето на младите во политиката и нивното задоволство од демократијата. Како резултат на тоа, постои глобален пад на интересот на младите за политиката, како и нивното учество во гласачкиот процес.

Mark as Played
March 4, 2024 23 mins

Студиите спроведени од веродостојни меѓународни организации покажуваат дека кај жените, споредено со мажите, постои три пати поголема веројатност да бидат жртви на насилство како резултат на нивното активно учество во политиката. Постојат многу различни видови насилство, вклучувајќи заплашување, говор на омраза, закани, психичко малтретирање, сексуално вознемирување и понижување. Постојат многу различни...

Mark as Played
February 5, 2024 23 mins

Предизборните кампањи само што не почнале. А еднаш кога ќе почнат, испитувањата на јавното мислење се секојдневна тема, па зачестуваат и објавите на различните институти, агенции и центри кои испитуваат јавно мислење. Партиските реакции следат „по дифолт“. Граѓаните секогаш реагираат на анкетите, некогаш позитивно, а често и негативно, особено затоа што многумина сметаат дека анкетите се инструмент за правење притисок и насочување ...

Mark as Played
December 27, 2023 21 mins

Живееме во време на политичка коректност. Потребата за внимавање при изразување на сопствените ставови со цел да не се повреди или дополнително влоши состојбата на одредени општествени групи кои притоа може да се маргинализирани е легитимна, но прашањето е - дали хуморот треба и уште повеќе, во која мерка треба да се цензурира со цел да не повредат нечии чувства. Дали намерата е битна или не? Се чини де...

Mark as Played

Независноста на македонската држава беше прилика и за економско осамостојување и напредок. Сепак, првата декада по независноста со ништо не навестуваше дека ова ќе биде реалност. По, без малку, катастрофалната приватизација на општествениот капитал, следеше декада на сиромаштија и социјално раслојување која кулминираше со конфликтот во 2001 година. И додека економијата полека почна да застанува на нозе по драматичните деведесетти, ...

Mark as Played
October 31, 2023 20 mins

Напредокот на Република Северна Македонија кон ЕУ се чини условена од внатрешните прилики во самата унија. Од една страна, сè погласни се политичките групации кои велат дека ЕУ треба да се подели во повеќе групи или ентитети, кои очигледно нема да имаат исти обврски ниту права, доколку ваквата реформа се прифати. Од друга страна, во прашање се доведува и одлучувањето со консензус кое се чини често ја парализира унијата, а истовреме...

Mark as Played
September 29, 2023 24 mins

Уморот од досегашните актери на политичката сцена, перманентните идентитетски расправии со соседите, слабата социоекономска форма на земјата, серијата глобални кризи, но и предолгиот европски пат кој досега го изодевме, а никако да кулминира со успех, нè доведоа до тоа, македонското општество да создаде предуслови за процут на феномен кој не е така непознат кога вакви фактори ќе ја создадат совршената бура – популизам. Како идеолог...

Mark as Played

Еден од најголемите проблеми на македонската демократија се чини дека е градењето консензус во важни национални прашања. Независно од големината на проблемот, домашните политички елити ниту еднаш самите не дошле до консензус за одредено прашање по пат на политички договор. Иако националните приоритети на Р.С. Македонија отсекогаш биле јасно поставени и зацртани, се чини дека нивното остварување оди многу...

Mark as Played

Политичките партии водат јалов дијалог за уставните измени. Наместо да се дојде до решение, целата битка се претвори во политичко надмудрување. И оваа криза, како и многу други, почна со неможност за комуникација во Собранието, а потоа се пресели во стандардниот формат на лидерски средби. Како веќе познат феномен, разрешницата е повеќе од јасна. Доколку лидерските средби и меѓународниот притисок не го решат проблемот, тоа сигурно ќ...

Mark as Played

Три децении судскиот систем во Македонија бележи едно од најниските нивоа на доверба кај граѓаните. Најновите случувања во Судскиот совет само ја надополнуваат и придонесуваат кон лошата слика за она што се случува како долгорочен негативен тренд во македонското судство. Ваквата констатација создава состојба кога сите судии, и оние кои чесно и навремено си ја вршат својата работа и оние кои се дел од ови...

Mark as Played

Потрагата по вистинскиот изборен модел кај нас трае подолго од три децении. По прогласувањето на независноста, државата го воведе мнозинскиот изборен модел за парламентарните избори, за веќе во 1998 година да стане јасно дека тој е несоодветен од многу причини. Во 1998 година се обидовме со комбиниран модел, за веќе во 2002 година да го воведеме оној кој и денес го имаме – пропорционалниот изборен модел со шест изборни единици и Д’...

Mark as Played
March 23, 2023 24 mins

Судирот во Украина изроди апокалиптични сценарија во кои европските држави требаше да се смрзнат измината зима, да доживеат енергетски колапс или во најмала рака да се соочат со енергетски дефицит кој би ги дестабилизирал политички и економски. Иако ништо од тоа не се случи, останува сепак впечатокот дека сега повеќе од кога било мора да се отворат темите на енергетска независност на државите, вклучително и Македонија, како и темит...

Mark as Played

Признавањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија од страна на Српската православна црква во мај 2022 година донесе комплетно нов, позитивен но и донекаде неочекуван пресврт во односите на МПЦ-ОА со другите православни цркви. По неколкудецениска борба за автокефалност, МПЦ-ОА го оствари вековниот сон на многу генерации Македонци кои сонуваа за самостојна црква која ќе биде прифатен...

Mark as Played
January 12, 2023 25 mins

Отворањето на двата културни клуба за афирмација на бугарските културни вредности во Р С Македонија, наречени по двете контроверзни историски личности, Иван Ванчо Михајлов и Цар Борис Трети, отвори сериозни политички, историски но и безбедносни дилеми во нашето општество. Во атмосфера на недоверба и поларизација помеѓу двата народа по бугарското вето, а во светло на работата на Мешовитата историска комисија,  се чини дека отворањет...

Mark as Played

Јавната администрација и борбата против корупцијата се теми кои се од клучна важност за приближување на Република Северна Македонија кон Европската унија. Сместени во делот на извештаите за напредокот на државата кон ЕУ наречен „фундаменти“, подобрувањата и евентуалните влошувања во овие две подрачја будно се следени од Европската комисија години наназад. Иако се ...

Mark as Played

Popular Podcasts

    Current and classic episodes, featuring compelling true-crime mysteries, powerful documentaries and in-depth investigations.

    Death, Sex & Money

    Anna Sale explores the big questions and hard choices that are often left out of polite conversation.

    Stuff You Should Know

    If you've ever wanted to know about champagne, satanism, the Stonewall Uprising, chaos theory, LSD, El Nino, true crime and Rosa Parks, then look no further. Josh and Chuck have you covered.

    Crime Junkie

    If you can never get enough true crime... Congratulations, you’ve found your people.

    Start Here

    A straightforward look at the day's top news in 20 minutes. Powered by ABC News. Hosted by Brad Mielke.

Advertise With Us
Music, radio and podcasts, all free. Listen online or download the iHeart App.

Connect

© 2024 iHeartMedia, Inc.