Љубопитно анализирање на состојбата со животната и општествена средина во Република Македонија. Секоја епизода поставува едно прашање и преку разговор со тројца различни соговорници, доаѓа до еден сублимиран заклучок.
Живееме во сериозно загадена средина. По начелното мислење на Врховниот суд дека граѓаните можат да ја тужат државата ако сметаат дека таа не преземала дејства за да ги заштити своите граѓани и животната средина се доби впечаток дека судовите ќе бидат затрупани од тужби од граѓани. Но, работата не е само во тоа дали некој има храброст да се исправи на суд наспроти државата. При самата помисла да покренете процес се исправаат повеќе...
Градовите ни се гушат. Луѓето се разболуваат. Не се задоволни. А климатската криза уште не нѐ удрила со сета сила. Воздухот е загаден во секоја поголема средина. Отпадот е проблем кој се решава најчесто преку нелегално спалување. Што на депонии, легални и нелегални што по разни погони и фабрики, што на некоја јавна локација која е малку настрана од погледот на луѓето. Над некои региони демне можноста за...
Колку и да внимавате, единствената опција ако сакате да го намалите отпадот кој го создавате во секојдневното живеење е едноставно да се откажете од голем број на производи кои инаку ги сметаме за основни. Само од основната потрошувачка кошничка на граѓаните, треба да купите масло за јадење и готвење, млеко, јогурт, оцет, некогаш кисело млеко, некој сок можеби. Треба да си измиете раце со нешто, да се...
Нашите ситни движења и мали навики од првото отворање на очите во денот паралелно ги следат движења на стотина километри од нас. Тие на гигантските машини за копање, на работници кои чистат ленти со лопати, на големи камиони со тркала колку куќа кои пренесуваат јаглен од рудниците кон уште поголемите печки на нашата најголема термоцентрала РЕК Битола. Во овие печки јагленот гори и ја развива температурата од која потоа се произвед...
Поговорката дека е подобро да се спречи отколку да се лечи може да се примени и во случајот со шумските пожари во кои годинава изгоре рекордна површина шуми. За да се создадат, да се опремат и да се обучат 50 противпожарни тимови кои ќе спречат да изгорат околу 3.000 хектари шума годишно е многу поевтино и трае многу покусо време отколку да се расчистува и повторно да се пошумува изгорената површина за ...
За отпорноста на градовите последните години наголемо се истражува, дискутира и делува низ светот, а поимот сѐ почесто се користи и кај нас. Имаме и Стратегија за отпорно Скопје и неколку студии кои истражуваат посебни сегменти од оваа тема. Но за точно да прецизираме што подразбира отпорност на еден град и што тоа подразбира во контекстот на Скопје консултираме двајца соговорници кои засебно се бават с...
Над 45 илјади километри велосипедски автопати се изградени во земјите од ЕУ. Кај нас уште се гордееме само со најдолгата слична патека - онаа на кејот на Вардар. Велосипедското поврзување меѓу нашите градови може да придонесе за развој на помалите места кои се заобиколени од главните автопати во земјата. Имаме доста рути кои лесно може да се надополнат со „велосипедски автопати“ со што ќе се отвори нова можност за патување и уживањ...
Со закоравената пракса да се палат стрништата на земјоделските површини се гори плевелот, отпадот од нивите, но и почвата. Неретко горат и шуми, а за жал се случува да настрадаат и луѓе. Поради промените во климата, сега, во сезоните кога се палат стрништата, природата е посува отколку што била претходно, па огнот лесно наоѓа храна и може да се оттргне од контрола и да направи многу поголема штета. Во нашиот нов поткаст разговараме...
Велат подземните води влијаеле на сонот, на расположението, на здравјето... За тоа не знаеме, но од разговорите во нашиот нов поткаст знаеме дека од подземните води во Скопје ние пиеме, наводнуваме, растеме храна, го одржуваме злеенилото кое го намалува загадувањето, ги користиме во индустријата. Од подземните води зависи и влажноста на земјата, од тоа пак здравјето на растенијата, од тоа пак влажноста на воздухот и дали ќе имаме „...
За разлика од постојаниот притисок за поголема урбанизација и средени симетрични простори кои му годат на човечкото око, на живиот свет му одговараат повеќе места кои на луѓето им личат на запуштени. За среќа, такви простори сѐ уште останале на некои места во Скопје, а некои видови на животни и птици се приспособиле да живеат и во оваа наша „бетонска џунгла“. Така и главниот град, таков каков што е, сепак претставува некаков екосис...
На пазар робот ви нуди зеленчук одгледан од робот. Тешко замисливо барем во догледна иднина дека до тој степен ќе се развие работата, но и кој да знае ако се има предвид дека технологијата брзо се развива, а концептот на дигитализацијата во земјоделството полека почнува да продира и во Македонија. За тоа дали дигитализацијата може да им помогне на земјоделците во настапувачките промени во климата, во влијанието врз животната средин...
Знаеме дека во нашата земја сѐ уште нема многу начини како секое домаќинство да може да го намали своето влијание врз заедничката животна средина. А сепак, некои начини постојат. И со тек на време, бавно, но сѐ повеќе се прошируваат овие можности. Колку и да ни изгледаат безначајно мали нашите секојдневни навики во трошењето струја, вода, купувањето, облекувањето, готвењето, патувањето до работа и учили...
Кесите ги забранивме по втор пат, а сепак ги има насекаде. Преминот кон алтернатинивите на бесплатните кеси за еднократна употреба и по десетина години никако да почне. Биоразградливи кеси во Македонија не постојат, а оние кои се разградуваат се распаѓаат на микропластика која потоа дишеме и јадеме.
Read more
Бурата Даниел во септември предизвика катастрофа во Грција и Либија, а нас само малку нѐ закачи. На некои места во Грција излеа и до девет пати повеќе дожд отколку што наврнаа во скопско Стајковци во 2016-та. Во Либија загинаа над 10 илјади луѓе. Разговараме со метеорологот и иноватор на системот ЕЛИФ Борис Секирарски и со професорите Иван Блинков од Шумарски факултет и Стевчо Митовски од Градежен факултет дали Македонија е на пато...
Деца со телефони на училиште, деца со телефони по игралишта, деца со телефони во ресторани, деца со телефони дома. Прекумерното користење на смарт телефоните и социјалните мрежи е загрижувачка кога станува збор за најмладите и најранливите. Дали е оваа интензивна врска здрава? Каков ефект имаат смарт телефоните и содржините кои ги нудат врз менталното и физичко здравје на децата? И кој е ефектот врз социјализацијата со врсниците и ...
Голем број на кучиња скитници талкаат ширум Македонија. Улиците на градовите, селата и дури шумите стануваат нов дом на најдобриот пријател на човекот. Но, дали човекот е воопшто добар пријател на кучето? И кога веќе има толку кучиња на улица, мора да прашаме: Кој ги пушти кучињата? За да одговориме, ја разглобивме улогата на напуштените кучињата во урбаните и руралните (еко)системи.
За состојбата со напуштени кучиња, причините за ...
Според извештај од Обидинетите Нации, во 2050 година 5 билиони луѓе ќе се соочуваат со недостаток на вода барем еднаш месечно заради климатските промени.
Но, не е само тоа причината.
Несовесното користење на водените ресурси, застарените системи за пренос на водата како и целосното запоставување на грижата за квалитетот на водата се сериозна закана за нашата иднина. Македонија се снабдува со вода од изворите кои се наоѓаат во запад...
Храната е неизбежен и вкусен дел од нашето постоење. Затоа и често зборуваме за неа, особено за „здрава храна“. Но што значи „здрава храна“? Зеленчук и овошје? Кое зеленчук и овошје, од пазар или од маркет? Каков ефект на нашето здравје може да имаат пестицидите и штетните материи како тешки метали кои може да го најдат патот до коренот на плодовите кои ги конзумираме? И, во поширока смисла, каков ефект имаат земјоделските пракси н...
Вештачката интелигенција дијагностицира болести, вози коли, слика цртежи, монтира видеа, а сега и пишува есеи. Се плашите или се радувате? Овој пат разговаравме за ChatGPT и сличните четботови кои користат вештачка интелигенција. Од моментот на нивно стапување на сцената пред неколку месеци, разни сектори почувствуваа дека нивната идни...
Скопје како град во изминатите 2 децении подлежи на бескруполозно градежно дивеење, отсуство на разумна и јасна идеја при урбанистичкото конципирање, што во целост влијае врз намалување на квалитетот на живеење во секојдневието.
Основниот документ што ги проектира развојните елементи на еден град и всушност треба да претставува своевиден „устав“ за сите активни чинители во архитектурата, урбанизмот и градежништвото, е генералниот у...
United States of Kennedy is a podcast about our cultural fascination with the Kennedy dynasty. Every week, hosts Lyra Smith and George Civeris go into one aspect of the Kennedy story.
Current and classic episodes, featuring compelling true-crime mysteries, powerful documentaries and in-depth investigations. Follow now to get the latest episodes of Dateline NBC completely free, or subscribe to Dateline Premium for ad-free listening and exclusive bonus content: DatelinePremium.com
If you've ever wanted to know about champagne, satanism, the Stonewall Uprising, chaos theory, LSD, El Nino, true crime and Rosa Parks, then look no further. Josh and Chuck have you covered.
The World's Most Dangerous Morning Show, The Breakfast Club, With DJ Envy And Charlamagne Tha God!
The latest news in 4 minutes updated every hour, every day.